Top Sport

Клоп донираше 5.000 евра за повредениот навивач на Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп донираше 5.000 евра за навивачот на „црвените“, Шон Кокс, кој остана во кома по нападот од навивачите на Рома пред стадионот „Енфилд“ во април.

Кокс доби сериозни повреди на мозокот во нападот и уште не може да зборува, ниту да седи, откако беше „начекан“ пред стадионот пред првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Со донацијата на Клоп, фондацијата за помош на опоравувањето Кокс досега собра 56.505 фунти од  1.285 донатори. Ливерпул како клуб ќе помогне на фондацијата со продажба на колекции пред мечот со Кардиф во сабота попладне.

21-годишниот навивач на Рома, Филипо Ломбарди не беше осуден за нанесување на сериозни телесни повреди над 53-годишниот Кокс во октомври, но доби тригодишна затворска казна за предизвикување на нереди.

Scroll to Top