Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги отфрли тврдењата на Пеп Гвардиола дека „сите во Англија навиваат за Ливерпул“ во борбата за шампионската титула во Премиер лигата.
Сити е прв на табелата во Премиер лигата со 86 бодови, три повеќе од Ливерпул. По победата против Њукасл (5:0) во неделата, Гвардиола изјави дека „сите во оваа земја навиваат за Ливерпул, медиумите и сите останати“.
Клоп, чиј тим ремизираше 1:1 со Тотенхем во саботата, изјави дека само половина од градот Ливерпул сака неговиот тим да ја освои титулата.
„Јас живеам во Ливерпул и да, многу луѓе овде сакаат да ја освоиме лигата, тоа е вистина, но дури и овде тоа е само 50 проценти. Немам поим дали цела земја навива за нас, немам таков впечаток кога одиме да играме натпревари, напротив. Можеби тој знае повеќе за тоа од мене “, рече Клоп.
Навивачите на Ливерпул ги налути изјавата на Гвардиола дека Ливерпул има „неверојатна историја во европските натпреварувања, но не и во Премиер лигата, бидејќи само еднаш бил шампион во последните 30 години“.
Клоп потсети дека Гвардиола тоа го кажа неколку дена по елиминацијата на Сити од Лигата на шампионите, во дуелот против Реал Мадрид.
До крајот на првенството остануваат уште три натпревари.
„Јасно е дека борбата не е завршена, бидејќи двата тима имаат три натпревари до крајот, а мојата грижа е како можеме да ги добиеме нашите натпревари. Немаме апсолутно никакво влијание врз тоа како ќе игра Сити. Се додека сме во трката за титулата. Зошто да престанеме да веруваме?“, изјави Клоп.