Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го испофали менталитетот на неговиот тим, откако „црвените“ се вратија за 2:1 победа над Тотенхем, за да ја заддржат дистанцата од Манчестер сити на врвот на табелата, оценувајќи дека „вака се игра фудбал“.
Ливерпул прими гол по само 47 секунди преку Хери Кејн, но Клоп вели дека наместо паника неговиот клуб ги покажал квалитетите какви што се потребни од тим со шампионски амбиции, давајќи голови преку Џордан Хендерсон и Мо Салах (од пенал).
„Овој меч беше фудбал каков што го сакам – супер натпревар, како што треба да изгледа фудбалот. Најголемото нешто во овој меч беше што не бркавме, туку игравме фудбал. Продолживме да играме како што треба. Честопати резултатот доаѓа од перформансите, а овојпат бевме навистина добри. Многу ми се допаѓаше“, вели Клоп.
Тој исто така објасни дека повредата на Мо Салах не е сериозна, туку е само враќање на старата повреда на скочниот зглоб која го отстрани од терените три недели.
„Не, не е ништо сериозно, туку е зглобот од претходно. Веќе се умори и подобро беше да го повлечеме на време“, додава Клоп.
Ливерпул со кам-бек против Тотенхем, Јунајтед утнаа два пенали, но победија (видео)