Англискиот дефанзивец, Џо Гомез (23) се повреди на тренингот на репрезентацијата на Англија и речиси сигурно ќе ги пропушти трите меча за „Гордиот Албион“ во ноември.
Повредата на Гомез е нов удар за Ливерпул кој до крајот на сезоната ќе биде без услугите на дефанзивецот Вирџил Ван Дајк, а во наредниот еден месец Јирген Клоп нема да може да смета ниту на бекот Трент Александер-Арнолд.
Се уште не е опоравен ниту Фабињо кој е дел од стоперската позиција.
Менаџерот на „црвените“ и претходно го критикуваше згуснатиот распоред на натпревари, а посебни проблеми му прави и Европското првенство кое ќе се игра следното лето.
„Доколку продолжиме вака, прашање е кои играчи ќе бидат дел од ЕП. Минатиот месец по репрезентативната пауза игравме во сабота, од 12.30 часот, а некои играчи се враќаа дури од Перу. Такви работи не смеат да се случуваат“ рече Клоп.
Инаку, Англија утре игра пријателски меч против Република Ирска, а потоа ја очекуваат два меча во рамки на Лигата на нации, против Белгија и Исланд.
Joe Gomez has sustained an injury on international duty for England and is expected to be sidelined for a while:
Liverpool's injury list right now:
? Joe Gomez
? Virgil Van Dijk
? Trent Alexander-Arnold
? Thiago
? Fabinho
? Alex Oxlade-Chamberlain pic.twitter.com/4YfkXMFqG2— Football Tweet (@Football__Tweet) November 11, 2020