Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп влезе во лут напад на фудбалските федерации и националните лиги, оценувајќи дека не се грижат за доброто на фудбалерите, туку мислат само на своите паричници.
Ова доаѓа откако по пласманот на Ливерпул во четврт-финалето на Карабао купот со што си го искомпликуваа распоредот во текот на зимските месеци.
Тие треба да играат со Астон вила на 17 или 18 декември, ист термин со Светското клупско првенство во Катар, каде што се пласираа по освојувањето на Лигата на шампиони. Од декември до февруари, Ливерпул треба да се натпреваруваат во пет различни натпреварувања – Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА купот, Карабао купот и Светското клупско првенство.
„Очигледно дека распоредот кој доаѓа е пренапорен за фудбалерите. Сите во фудбалот ќе ви го кажат тоа бидејќи е вистина. Премиер лигата е фантастично натпреварување, сензационално кул, но и Карабао купот е убаво натпреварување со прекрасни натпревари. Четири години сум тука и луѓето веќе се жалеа за распоредот. Англија е единствената земја каде што тоа не сака да се чепне. Покрај тоа, УЕФА прави одлуки за промоција на Лигата на нации, и иако тоа не е мој проблем, за фудбалерите е уште едно големо натпреварување. Луѓето ќе кажат имате голем состав. Но, не можете да имате 40 фудбалери и 20 да ги пратите на одмор до јануари. Решенијата се јасни, но нема ден кога ФИФА, УЕФА и лигите ќе седнат да разговараат со фудбалерите на ум, а не со нивните паричници. Секогаш одговараат – видете колку пари заработуваат. Тоа не ги прави посилни или поотпорни“, вели Клоп.
ЗГУСНАТИОТ РАСПОРЕД НА ЛИВЕРПУЛ
4 декември, Евертон, дома, Премиер лига
7 декември, Бурнемаут, гости, Премиер лига
10 декември, Салцбург, гости, Лига на шампиони
14 декември, Ватфорд, дома, Премиер лига
17/18 декември, Астон вила, гости, Карабао куп 1/4 финале
18 декември, ФИФА Светско првенство, полуфинале
21 декември, ФИФА Светско првенство, меч за 3. место или финале
26 декември, Лестер, гости, Премиер лига
29 декември, Вулверхемптон, дома, Премиер лига
2 јануари, Шефилд јунајтед, дома, Премиер лига
4/5 јануари, ФА куп, трето коло
7/8 јануари, можно полуфинале од Карабао купот, 1. меч
11 јануари, Тотенхем, гости, Премиер лига