Top Sport

Клоп ги моли навивачите: Не го напаѓајте автобусот на Рома

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп побара од навивачите на Ливерпул да покажат почит кон Рома и ги замоли да не го повторат „добредојдето“ на автобусот на италијанскиот тим слично како што добија Манчестер сити пред четврт-финалето.

Германецот вели дека е потребно „Енфилд“, инаку познат по атмосферата, да биде уште побучен од дуелот со Манчестер сити, но ги предупреди фановите да не ја преминуваат границата како кога автобусот на Сити беше гаѓан со шишиња и други објекти.

„На стадионот, правете го тоа уште подобро. Надвор од стадионот ве молам покажете респект каков што е потребен. Ова е фантастичен фудбалски клуб, фантастично фудбалско семејство познато по атмосферата низ целиот свет и нема потреба да фрламе по автобус. Ние сме противници на теренот, но мораме да покажеме дека луѓето во Ливерпул се прекрасни“, вели Клоп.

Тој исто така посочи дека не е точно дека Ливерпул имале „среќа“ што ја добиле Рома и што ги избегнале Баерн Минхен и Ливерпул.

„Некои мислеа дека полуфиналето ќе биде Барселона-Манчестер сити, но не е така. Тоа е фудбалот. Кога ми кажаа дека Рома победи со 3:0 и ја елиминираше Барса не ми се веруваше, но тоа е фудбалот. Нашата ситуација е слична, имаме големи предизвици, но играме свој фудбал. Има само еден тим кој може да победи и веруваме дека тоа ќе бидеме ние“, додава Клоп.

Фото: ЕПА

Нова снимка од „нападот“ на Сити: Ливерпул е најпоср.ниот град во Англија

Scroll to Top