Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги повика навивачите на „црвените“ да ја слават првата титула по 30 години со одговорност, откако градоначалникот на Ливерпул потврди дека 300 навивачи два часа се тепале со полицијата во петокот.
Во отворено писмо до весникот „Ливерпул ехо“, Клоп побара фановите да останат дома што е можно повеќе, ветувајќи дека ќе го „обои градот црвено“ кога ќе биде вистинско време и кога ќе се стиша пандемијата на корона вирусот.
„Ја сакам вашата страст, вашите песни, вашето одбивање да прифатите пораз, вашата посветеност, вашето разбирање на фудбалот и вашата верба во нашиот проект. Тоа што не го сакам во моментов е работите кои ги видов во петокот. Јас сум човек и вашата страст е моја страст, но сега е важно да нема вакви собирања. Тоа го должиме на нашата заедница, на здравствените работници и на полицијата и локалните власти. Ве молам, славете, но славете на безбеден начин, каде што не ризикуваме ширење на оваа одвратна болест во нашата заедница“, вели Клоп.
Хаос на прославата во Ливерпул – 300 навивачи два часа се тепале со полицијата (видео)