Top Sport

Клоп ги „раскара“ Звезда и Партизан

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ни крив ни должен, се најде во центарот на контроверзите меѓу двата белградски фудбалски ривали, Црвена звезда и Партизан по гостувањето на „Рајко Митиќ“, кое не помина најдобро за „црвените“, кои загубија со 2:0 од Звезда.

Англискиот клуб пред мечот тренираше на терените на Партизан, а Клоп се сретна со челниците на „црно-белите“, кои му поделија дрес со број 4. Тоа го налути директорот на Звезда, Звездан Терзиќ, кој смета дека тоа е провокација поради 4:0 поразот на неговиот клуб на гостувањето кај Ливерпул.

„Самото тоа зборува за незрелоста на тие луѓе кои водат еден голем клуб како Партизан. Во Белград доаѓа германски тренер, кој седи на клупата на англиски клуб, и тие му даваат дрес како алузија на четири гола против српски тим. Немам зборови. Но, ете како им се врати, со спектакуларна победа на Звезда над истиот Јирген Клоп“, изјави Терзиќ.

Scroll to Top