Top Sport

Клоп ги смирува навивачите: Ливерпул ќе има силен тим следната сезона

Ливерпул успеа да ги донесе двете посакувани засилувања во средниот ред во Алексис Мекалистер и Доминик Собослаи, но во исто време најверојатно ќе ги загуби Фабињо и Џордан Хендерсон, нешто што не го загрижува Јирген Клоп, кој им ветува на навивачите дека „црвените“ ќе имаат силен тим следната сезона.

„Сега, главниот фокус и енергијата се фокусирани на тренинзите. Има време и за руги работи. Има уште три-четири недели до првиот меч од новата сезона, така што многу работи можат да се случат дотогаш. Секако, зборувам за преодниот рок. Тоа ќе се случи и ќе имаме силен тим“, вели Клоп. Првиот меч од сезоната, Ливерпул го игра на гости кај Челси на 13 август.

Scroll to Top