Top Sport

Алонсо: Новите гуми на Пирели прават проблеми за Астон Мартин и Ред бул

Двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо смета дека промените на состојките на гумите на Пирели го успорува неговиот тим Астон Мартин, но и доминантните Редд бул рејсинг. Пирели ги смени гумите за Британското ГП пред две недели како одговор на зголемената тежина на болидите оваа сезона.

По осмото место кое го освои на квалификациите, шпанскиот ветеран вели дека тоа претставува голем проблем.

„Сите дојдоа со подобрувања во Унгарија и мораме да бидеме побрзи во развојот. Но, не е случајност дека со новите гуми на Пирели дел од тимовите се незадоволни, а дел се пресреќни со новите болиди. Не сме само ние, јасно е дека овие гуми не им одговараат на Ред бул. Тие беа 1-2 во сите квалификации, во сите трки, а сега не се ниту на пол-позицијата. Чеко Перез се мачи да влезе во топ 10. Во Силверстоун, Макс беше само три секунди пред Лендо“, вели 41-годишниот Шпанец.

Scroll to Top