Top Sport

Клоп го доби посакуваниот Џердан Шаќири

Јирген Клоп речиси заврши со активноста на Ливерпул на летниот „пазар“ на играчи, откако за 13 милиони фунти го донесе на „Енфилд“ Џердан Шаќири од Стоук сити, за Швајцарецот да стане трето големо засилување за „црвените“.

Сумата од 13 милиони фунти е „ефтина“ за Ливерпул, бидејќи за слични пари на пример Дејвид Брукс дојде во Бурнемаут. Шаќири ќе треба да го засили нападот на Клоп, кој се покажа како најслаба алка во финалето на Лигата на шампиони по повредата на Мохамед Салах во финалето на ЛШ. Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино ќе добијат замена во нападот, откако минатата сезона одиграа огромен број на натпревари.

26-годишниот Шаќири е трето засилување за Ливерпул, по Фабињо и Наби Кеита, за кои заедно Ливерпул платија 90 милиони фунти, и останува да се види дали тој ќе добие директно место во стартниот состасв на Клоп. Осумте гола и деветте асистенции на Шаќири не успеаја да ги спасат Стоук сити од испаѓање, но од август 2015 година тој во Премиер лигата ја врати репутацијата по фрустрирачките две и пол сезони во Баерн Минхен и седуммесечната позајмица во Интер Милан. Се верува дека Клоп лично „туркал“ за договорот.

Scroll to Top