Јирген Клоп уште еднаш покажа дека има одлична смисла за хумор, еден ден откако се откри дека им држел говор на своите фудбалери во гаќи на Кристијано Роналдо.
По драматичната победа над Челси во УЕФА Супер купот, обезбедена со одбранет пенал на шпанскиот голман Адријан во последната пенал-серија, Клоп се потсети на славната сцена од филмот „Роки“, кога Силвестер Сталоне врескаше „Адријан“ по неговата сопруга.
„Каква приказна! Исто како Роки! Адријаааан!“, извика Клоп на стадионот.
What a man ?? #Adrian #Klopp pic.twitter.com/2F6zmiytcr
— Ryan Thomas (@ryanthomas0) August 14, 2019