Top Sport

УФЦ: Нејт Диаз запали џоинт на тренинг и го делеше меѓу фановите (видео)

Контроверзната УФЦ ѕвезда, Нејт Диаз ќе се врати во октагонот во сабота навечер на УФЦ 241 во Калифорнија против Ентони Петис, а за тоа имаше посебна подготовка. На отворениот тренинг во „Хонда центарот“ во Анахајм, Диаз реши да запали еден огромен џоинт и да го сподели со фановите.

34-годишниот Диаз потоа му порачува на снимателот на видеото да го „сподели понатаму“ бидејќи се работи за „добро однесување“.  Марихуаната е легална супстанција во Калифорнија, додека УФЦ исто така има политика на толерирање на користењето на марихуаната, за разлика од повеќето професионални спортови.

Scroll to Top