Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека се чувствува „навистина добро“ по враќањето на работа откако беше примен во болница оваа недела. Германецот беше на низа медицински тестови пред да биде пуштен дома во средата навечер.
„Навистина се чувствувам добро. Имам 50 години, и можеби треба да се навикнам на моето здравје, но веќе вторпат одам во британска болница. НХС (јавниот здравствен сервис) не е толку лош како што мислите. Не сум болен, што е добра вест. Не би требало да искусите да одите како позната личност во болница, не е добро за маркетингот. По мене викаа: ‘Клоп е во болница, го видовте!’, вели Клоп.
‘NHS – not as bad as you think!’ – Jurgen Klopp says he feels really good after hospital visit #LFC pic.twitter.com/LUy5IjslB8
— Liverpool FC News (@LivEchoLFC) November 17, 2017