Top Sport

Клоп: Гвардиола е најдобриот тренер на светот

Пред денешното големо англиско дерби, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го опиша својот ривал од Манчестер сити, Пеп Гвардиола како „најдобар тренер на светот“, но додаде дека тоа не значи дека не може да го победи денеска на „Енфилд“.

Шампионите од Премиер лигата патуваат во Ливерпул по победа со која би ги прескокнале „црвените“ на врвот на табелата (поради подобра гол-разлика) по седум меча. Клоп вели дека има огромна почит за начинот на кој играат Сити под Гвардиола и вели дека е возбуден пред мечот.

„Неколку пати сум го кажал тоа, дека ако не можевме ние да бидеме шампиони лани, тогаш најдобро тоа да го стори Манчестер сити. Имаа неверојатна сезона и навистина ги почитувам, всушност, дури ги сакам поради нивната игра. Убаво е да се гледаат. Почитта кон Пеп Гвардиола не може да биде поголема, бидејќи тој е најдобриот тренер на светот и тешко е да се игра против неговите тимови. Возбудливо, но тешко. Понекогаш сум кажувал некои работи кои погрешно се интерпретираа, но важно е да се каже дека го почитувам Пеп и неговиот тим“, изјави Клоп.

Scroll to Top