Top Sport

Вознијацки стана четвртата најуспешна активна тенисерка

Каролине Вознијацки ја освои својата 30. ВТА титула во кариерата, откако во едностраното финале на Кина опен во Пекинг, успеа да ја елиминира Летонката Анатасија Севастова со 6:3/6:3 за да го подобри скорот против противничката на 5-0.

Данката сигурно ќе ја памети 2018 година, откако ја освои својата прва гренд слем титула во кариерата, Австралија опен во јануари, и сега има 40-15 скор оваа сезона и со 30 титули е четврта на листата на активните тенисерки, зад Серена Вилијамс (72), Венус Вилијамс (49) и Марија Шарапова (36).

Вознијацки освои три гема во низа по 2:2 во првиот сет за да ја преземе контролата на мечот, по што ја искористи втората сет-топка за 1:0 водство. Во вториот сет, Данката почна уште поимпресивно освојувајќи два брејка за 4:1 водство, пред Севастова да се врати на 4:3.

Фото: ЕПА

Scroll to Top