Top Sport

Клоп: Импресиониран сум од Артета

Ливерпул и Арсенал во понеделник ќе се сретнат на „Енфилд“ во рамките на третото коло во Премиер лигата. Двата тима во новата сезона влегоа со две победи, Ливерпул ги победи Лидс (4:3) и Челси (2:0), додека Арсенал славеа над Фулам (3:0) и Вест Хем (2:1).

Во пресрет на натпреварот Јирген Клоп во суперлативи зборувал за својот помалд колега Микел Артета.

„Во краток период покажа дека е извонреден менаџер. Ме импресионираше со она што го направи за само неколку месеци. Тимот му е одлично организиран и избалансиран, а играчите кои играат на своите природни позициции имаат доволно слобода во играта“, рекол Клоп и дополнил.

„Артета ја смени атмосферата во целиот клуб, тоа се забележува. Тие сега се многу тежок противник“.

Арсенал последен пат забележале победа на „Енфилд“ во 2012 година.

Scroll to Top