Тијаго Алкантара, Жоел Матип и Роберто Фирмино комплетно се опоравија и тренираа со тимот пред утрешниот реванш од осмина-финалето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Интер. Менаџерот Јирген Клоп ќе ги вклучи во составот, но најверојатно нема да ризикува со Бразилецот кој подолг период беше надвор од теренот.
„Сите тројца тренираа. Тијаго е надвор од теренот само една недела, па се би требало да биде в ред. Жоел пропушти четири дена, но Боби беше надвор од теренот подолго време. Тој тренираше за првпат во неделата и ќе треба да видиме како ќе реагира. Без разлика на се, тие конкурираат за тимот. Ни претстои тежок натпревар. Интер секако е добар тим и тие нема да дојдат овде како туристи. Ќе сакаат да нападнат“, изјави Германецот Клоп.
Ливерпул по првиот меч во Милано има предност од 2:0 и е многу блиску до пласман во следната рунда од Лигата на шампионите.