Менеаџерот на ливерпул, Јирген Клоп, го коментирал нерешениот резултат на Челси против Евертон (1:1) во 17.коло.
Челси, против комбинираниот тим на Евертон се мачеше до 70.минута, кога Маунт успеа да го совлада Пикфорд. Евертон израмнија четири минути подоцна со голот на дебитантот Брантвајт.
До крајот на мечот „сините“ не успеаја да ја скршат одбраната на Евертон.
„Не го очекував ова од Челси. Необичен кикс. Не познавам пет или шест играчи од овој тим на Евертон. Сепак не би требало да размислуваме за резултатите на другите тимови“, рекол Клоп.
За разлика од Челси, Ливерпул славеа победа над Њукасл (2:1).
Ливерпул се втори во Премиер лигата, со бод помалку од лидерот Манчестер сити.