Top Sport

Клоп ја доби ФИФА наградата за најдобар тренер

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е добитник на наградата за најдобар тренер на ФИФА наградите во „Скала“ во Милано, добивајќи признание за фантастичната сезона со Ливерпул, во која им го донесе шестиот европски трофеј и беше на чекор до титулата во Англија.

52-годишниот Клоп беше еден од тројцата тренери од Премиер лигата кои беа номинирани, покрај Пеп Гвардиола (Манчестер сити) и Маурисио Почетино (Тотенхем).

„Никој не можеше да очекува пред 10 или пет години дека ќе стојам тука со оваа награда. Морам да им се заблагодарам и на моите ривали, Маурисио Почетино и Пеп Гвардиола за работата која ја завршија, како и на мојот фантастичен клуб Ливерпул. Како тренер можете да бидете добри колку што е вашиот тим, така што сум горд што сум менаџер на оваа група фудбалери“, изјави Клоп.

Scroll to Top