Top Sport

Клоп ќе биде суспендиран

Јирген Клоп би можел да биде суспендиран поради неговите коментари за судијата кој го водеше натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем. По натпреварот во кој неговиот тим победи со 4:3, менаџерот на тимот на Ливерпул го обвини судијата Пол Тирни дека има нешто против својот тим и сега му се заканува суспензија, пишуваат англиските медиуми.

По драматичната победа Клоп вербално го нападна судијата.

„Имаме заедничка историја, навистина не знам што има против нас. Тој тврди дека нема проблеми, но тоа не е точно. Не е така, не разбирам зошто, но не е така. Не разбирам зошто ме гледа така“, рече тој.

„Немам проблем со никого, немам проблем ниту со него. Но, пак ќе кажам. Тој беше главен на натпреварот кога гостувавме кај Тотенхем, кога Хари Кејн не доби црвен картон. Го сакам Кејн, тој е фанатстичен играч. Не сакам да биде исклучен, но тоа беше за црвен картон тогаш“, додаде тој.

Организацијата одговорна за судење натпревари во англискиот професионален фудбал (ПГМОЛ) излезе со соопштение по коментарите на Клоп и изјави дека е запознаена со се што Клоп во напад на бес му кажал на четвртиот судија, за што доби јавна опомена.

Тие конкретно се осврнаа на изјавата на Клоп во која тој рече дека „што ми кажа Тирни кога ми го даде жолтиот картон… Не е можно. Не е ни правилно“.

Од ПГМОЛ соопштија дека се снимаат судиите на натпреварите и дека ги слушале зборовите на Тирни.

„Тој, исто така, постапуваше професионално кога го прекоруваше менаџерот на Ливерпул. Ние ги отфрламе сите сугестии дека постапките на Тирни биле несоодветни“, се тврди во него.

Англиските медиуми наведуваат дека тоа извршило притисок врз англиската ФА (ФА) и дека се чека нејзина реакција. Се пишува дека Клоп би можел да добие суспензија.

Scroll to Top