Top Sport

Клоп ќе добие голем буџет за засилувања летово

Јирген Клоп е во својата најлоша сезона на клупата на Ливерпул, но наместо да си замине по крајот на сезоната, како што велеа одредени предвидувања, тој ќе добие голем буџет за засилувања, тврди британскиот „Тајмс“.

Клоп во 2015 година си замина од Борусија Дортмунд по лоша сезона и многумина сметаат дека лошата сезона ќе го предизвика Германецот да побара нов предизвик, но намсто тоа, американските газди Фенвеј спортс групацијаа (ФСГ) ќе му обезбедат буџет за засилувања.

Двете главни желби се Џуд Белингем од Дортмунд и Матеуш Нунеш од Вулверхемптон, и само овие двајца фудбалери сигурно ќе чинат над 150 милиони фунти. Џордан Хендерсон, Тијаго Алканара и Џејмс Милнер имаат над 30 години, Фабињо е во слаба форма, и иако младите фудбалри како Харви Елиот и Стефан Бајчетиќ покажуваат ветувачка форма, тоа не е доволно оваа сезона да се постигне барем топ 4 пласман.

Scroll to Top