Top Sport

На Дончиќ не му пречеше поразот: Забавно е да се игра покрај Кајри

Лука Дончиќ, невообичаено за него, беше насмеаан по последниот пораз на Далас маверикс, тој од 133:128 по продолженијата од Скраменто кингс, велејќи дека уживал во својот прв натпревар со новиот колега, Кајри Ирвинг.

„Ова е само наш прв меч заедно, но веднаш се виде дека ќе биде забавно да се игра со тој човек. Се работи за фантастичен кошаркар и мислам дека ќе биде многу интересно. За прв меч беше забавно“, изјави Дончиќ.

Ирвинг заврши со 27 поени, 7 скока и 7 асистенции, а Дончиќ, во првиот натпревар по пауза од четири меча имаше 27 поени, 9 скока и 5 асистенции. По трејдот од Бруклин на Ирвинг, Дончиќ првпат во кариерата доби колега кој е „Ол-Стар“, и кој има искуство да игра со други ѕвезди како Леброн Џејмс (во Кливленд) и Кевин Дурент (во Бруклин).

„Мојот најдобар квалитет е што можам да се адаптирам на било која ситуација во која ќе бидам поставен. Сум играл со играчи кои биле доминантни, така што тоа не е ништо ново. Потребно е само време“, изјави Ирвинг.

Scroll to Top