Top Sport

Клоп ќе добие нов договор

Сопствениците на Ливерпул подготвувале нов договор за менаџерот Јирген Клоп, иако неговиот актуелен договор важи до јуни 2022 година.

Германецот (51) заработува годишно осум милиони евра, а сопствениците подготвувале понуда според која Клоп годишно би заработувал 11 милиони евра.

„Тој е неверојатен менаџер и и одличен човек. Кога гледата како играчите го фрлаа јасно ви е колку тој човек го сакаат сите во клубот“, рекол претседателот на клубот, Том Вернер.

Во Ливерпул имаат намера да го продолжат долгорочниот проект на Клоп, кој започна со неговото доаѓање во клубот во 2015 година. Претходно „црвените“ ја продолжија соработката со најважните играчи.

Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане имаат договори до 2023 година, а Трент Александер-Арнолд и Енди Робертсон до 2024 година.

Ливерпул, во саботата, ја освоија шестата титула во Лигата/Купот на шампионите. Во Мадрид „црвените“ со 2:0 го победија Тотенхем.

Scroll to Top