Германскиот стручњак на кормилото на Ливерпул, Јирген Клоп е дециден дека ќе го напушти фудбалот доколку парите станат најважниот сегмент од оваа игра.
Клоп е актуелен освојувач на Лигата на шампиони со Ливерпул, клуб кој минатото лето потроши околу 200 милиони евра на засилувања, а некои од играчите имаат неколку илјади евра неделна плата.
„Кога бев во Германија, Баерр имаше 100 милиони фунти за носење играчи. Денеска за тие пари може да се донесе само еден фудбалер. Ако парите станат најважниот дел од фудбалот, ќе го напуштам. Стојам зад тоа“ – вели Клоп.
Според она што го вели Клоп, веќе би требал да го напушти фудбалот.
„Црвените“ да не потрошеа толку многу пари последните неколку сезони ниту ќе се бореа за првото место во Премиерлигата, ниту пак ќе ја освоеја Лигата на шампиони.