Top Sport

Германката Гергес се избори за финале со Барти во Бирмингем

Германската тенисерка Јулија Гергес ќе игра финале на турнирот на трева во Бирмингем против Австралијката Ешли Барти откако предмалку славеше во полуфиналниот дуле со Хрватката Петра Мартиќ. Гергес го доби дуелот со 2-0 (6-4 6-3).

На Германката одлично и лежи тревнатата подлога, а тоа го потврди и денеска.

Во првиот сет против Мартиќ во деветтиот гем таа направи брејк и потоа рутинирано поведе со 1-0.

Во вториот сет уште на стартот двете тенисерки разменија брејкови. Мартиќ при 2-1 во вториот сет не искористи брејк можност, по што Гергес и врати и до крајот на мечот Хрватката немаше сила за комплетен пресврт.

Финалниот меч меѓу Гергес и Барти се игра утре.

Scroll to Top