Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп признал дека не бил воодушевен кога прв пат го запознал Садио Мане. Клоп и Сане се запознале во Дортмунд, Сенегалецот бил на проба од екипата на Салцбург.
„Се сеќавам на нашата прва средба. Беше во Дортмунд. Мане беше млад. Имаше капче на главата, сина линија во косата. Изгледаше како рапер. Си кажав: „Немам време за ова“. Тогаш ми беше потребен играч кој немаше да ми бара да игра од почеток“, рекол Клоп и дополнил.
„Знам добро да ги проценам луѓето, меѓутоа во овој случај направив голема грешка“.
Мане од Салцбург се пресели во Саутемптон, а од 2016 година е играч на Ливерпул.