Top Sport

Клоп: Конечно, ќе можеме да испиеме пиво

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, конечно има причина за насмевка, но и да испие пиво. Традицијата во клубот од „Енфилд Роуд“ е стручниот штаб и фудбалерите да испијат по неколку пива за секоја победа на гости.

Ливерпул го победи Глазгов Ренџерс со 1:7, што особено го израдува Јирген Клоп.

Германецот во свој стил ја прокоментира оваа убедлива победа.

„Обично сакаме да пиеме пиво по победа на гости, но сега помина толку долго, веројатно ќе бидам пијан по првото“, изјави Клоп во негов стил.

Во Премиер – лигата имаат скор 0-2-2 надвор од „Енфилд“, а во Лигата на шампионите загубија во Неапол.

Ливерпул в недела го пречекува Манчестер Сити во дербито на колото во Премиерлигата.

Scroll to Top