Top Sport

Клоп: Ливерпул не е фаворит во финалето на ЛШ

Ливерпул вечерва ќе му гостува на Саутемптон во дуел од Премиерлигата, но менаџерот Јирген Клоп доби прашања за најголемиот предизвик, финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. На 28 мај во Париз, англискиот тим ќе игра против „кралевите“ за најпосакуваниот пехар, а германскиот стратег вели дека Ливерпул не е фаворит во оваа пресметка.

„Во Париз ќе играме против тимот со најголемо искуство и според мене, нема да бидеме фаворити во финалето. Тие веќе ја прославија титулата во Ла Лига и можат повеќе да одморат. Но, од друга страна, јас верувам во овој тим на Ливерпул. Освоивме два трофеи и мислам дека можеме да ја зголемиме колекцијата“, изјави Јирген Клоп.

Пред четири години, Герет Бејл го реши финалето на ЛШ во Киев меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Scroll to Top