Top Sport

Клоп: Ливерпул нема што да загуби против Реал

Јирген Клоп вели дека неговиот Ливерпул нема што да загуби во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид на „Енфилд“, признавајќи дека камбек по 3:1 поразот ќе биде многу тежок.

„Кога губите со 3:1, изгледа како веќе да сте во аут. Тоа значи дека нема што да загубите. Затоа ќе се обидеме. Тој резултат ги покажа нашите перформанси таа вечер, не бевме доволно добри“, вели Клоп.

Тој не сакаше да се потсетува на легендарниот камбек во 2019, кога по 3:0 поразот од Барселона во првиот меч на „Енфилд“ стигнаа до неверојатна 4:0 победа.

„За мене перформансите се поважни од резултатот. Мора да играме колку што е можно подобро, па да видиме каде ќе не однесе резултатот. Не знам дали на крајот ќе можеме да направиме камбек. Ако видиме шанса, сигурно, но тоа е неверојатно тешко“, вели Клоп.

Scroll to Top