Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по поразот од Манчестер јунајтед (2:1) изјави дека е малку загрижен за целата ситуација, но најави и поголема борба во следните натпревари. Ливерпул нема победа по првите три кола што е најлошиот старт на „црвените“ во последните десет години.
„Немам многу аргументи, го загубивме натпреварот. Некој друг ден можеби би било поинаку, можеби ќе направавме пресврт. Можеме да играме, сакаме да се бориме. Имаме добар натпревар во сабота на домашен терен, ќе мора да бидеме на висината на задачата, треба да го подгрееме огнот и да најдеме ритам“, изјави Клоп.
„Ќе дадеме се што можеме, ќе направиме се што очекува секој навивач на Ливерпул, ќе се бориме за нашите животи. Ние сме во тешка ситуација што се однесува до повредите бидејќи на располагање имаме само 14 или 15 сениори, но тоа е така и не можеме да го промениме тоа. Малку сум загрижен, но сега следуваат подготовките за Борнмут и Њукасл“, заклучи менаџерот на Ливерпул.