Top Sport

Клоп му се јавил на таткото на Мбапе за трансфер во Ливерпул

Тренерот на европскиот шампион Ливерпул, Германецот Јирген Клоп му се јавил Вилфред Мбапе, таткото на францускиот фудбалски напаѓач, Килијан Мбапе за да разговараат за евентуалниот трансфер на младиот играч во дресот на „црвените“, пренесува порталот „le10sport“.

Информациите се дека Клоп и Мбапе постариот, кој е застапник на Килијан, договарале состанок во Париз на кој ќе ги разгледуваат опциите Французинот да прејде во европскиот првак.

Иако е тешко да се поверува дека Ливерпул е подготвен да плати толку голема сума за младиот фудбалер, сепак сега е повеќе од јасно дека „црвените“ се сериозно загреани за Мбапе.

Мбапе неколкупати изјавуваше дека сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, а интересирањето за него не го кријат и Зинедин Зидан, односно Флорентино Перез.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува во 2022 година, а според информациите, Французинот засега не брза со обнова на договорот, па „Светците“ се погласно шпекулираат дека тој нема уште долго да остане на „Паркот на принцовите“.

Мбапе сезонава одигра 33 меча за ПСЖ во сите натпреварувања, со ефект од 30 гола и 17 асистенции.

Scroll to Top