Top Sport

Диего Коста: Конте не е меѓу топ тренерите, многу е сомничав!

Шпанскиот фудбалер, Диего Коста кој сега е дел од екипата на Атлетико Мадрид и по 3 години не може да заборави на судирот кој го имаше со тогашниот негов тренер во Челси, Италијанецот Антонио Конте.

Во разговор за „ЕСПН“ Коста искористи прилика за повторно да го „нагази“ Конте.

„Конте и јас имавме проблеми надвор од теренот, но мислам дека тој е доста добар тренер. Сепак за да биде во топ тренери, треба да го промени начинот на кој се однесува кон играчите. Тој е страшно сомничав тип. Во Реал Мадрид, на пример, не би издржал ниту една цела сезона на клупата“ – рече Диего Коста.

Тој меѓудругото раскажа и како се најде во селекцијата на Шпанија, наместо во онаа на Бразил, иако веќе одигра и два меча за „Кариоките“.

„По пријателскиот меч со Русија, селекторот Сколари ми рече дека повторно ќе ме повика, затоа што не играв многу. Дојде и следниот меч, имаше многу повредени напаѓачо, но јас не добив повик. Не `кревав многу прашина`, а тогаш не ме повикаа ниту на Купот на конфедерации. Се појави опција да заиграм за Шпанија и прифатив“ – вели Коста.

Тој не се кае ни малку за ваквата одлука.

„Како би можел да го одбијам тој повик. Одеднаш после тоа тргна приказната дека Сколари ме барал, но ниеднаш не ме повика. Потоа почнаа да излегуваат текстови како сум им ги срушил соништата на милиони Бразилци. Зошто не му кажаа на народот дека не ме сакаа, тоа е така едноставно“ – вели Диего Коста.

Scroll to Top