Top Sport

Клоп му советувал на Бајчетиќ да ја одбие Србија и да игра за Шпанија

Тинејџерот на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ решил да се заблагодари на репрезентацијата на Србија за поканата и да игра за Шпанија на сениорско ниво, послушувајќи го советот од менаџерот Јирген Клоп, тврди шпанскиот „ОК диарио“.

Бајчетиќ, чиј татко е ексфудбалерот на Црвена звезда и Селта Виго, Срѓан Бајчетиќ, досега се натпреваруваше за У-18 и У-19 селекциите на Шпанија, откако израсна во Виго, од каде потекнува и неговата мајка. Оваа сезона тој ја доби довербата на Јирген Клоп со 18 настапи во сите натпреварувања.

Според „ОК диарио“, Клоп му советувал на Бајчетиќ да ја избере шпанската репрезентација бидејќи му одговара стилот на игра на Шпанците.

Scroll to Top