Top Sport

Карагер со „7Up“ се потсмеваше со Шмајхел и Јунајтед

Да се победи најлутиот ривал секогаш носи чувство на супериорност и дава дозвола за „фаќање сеир“. Кога ќе го победиш ривалот со 7:0, работите добиваат поинакви димензии.

Ова најдобро го покажа поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега ТВ-коментатор, Џејми Карагер, кој неколку дена по славниот 7:0 триумф на Ливерпул над Манчестер јунајтед, реши да го потсети ексголманот на Манчестер јунајтед, Петер Шмајхел на победата.

Со „лименка“ „7Up“ пред него, тој во разговорот со Шмајхел постојано ја споменуваше „седумката“ – 7 мај, 70 милиони фунти за Џуд Белингем, 7-кратните европски шампиони Милан.

Scroll to Top