Top Sport

Клоп: На играчите им е потребен одмор

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не е задоволен што неговите играчи ќе мора да настапуваат за своите национални тимови во Лигата на Нации.

„Црвените“, вчера, одиграа 0:0 против Манчестер сити во рамките на осмото коло во Премиер лигата, а Германецот смета дека неговите играчи се уморни од пеколниот ритам на натпревари.

„Јас сега ќе одморам, а не моите фудбалери. Тоа ни ги отежнува работите. Луѓето сакаат да гледаат добар фудбал и поради тоа треба да ми се овозможи малку одмор на играчите. Невозможно е да се игра натпревар на секои три дена. Мора да се размислува како им е на фудбалерите, бидејќи без нив ова нема да биде возможно“, рекол Клоп.

Ливерпул добро ја мина серијата од тешки натпревари во изминатиот период. Два пати играше против Челси, еднаш со Манчестер сити, а во Лигата на шампионите се сретна со ПСЖ и Наполи.

„Бевме добри во тие седум мечеви „паднавме“ само против Наполи. Заврши тежкиот период од три недели, задоволен сум од она што го направивме“, заклучил менаџерот на Ливерпул.

Тимот на Клоп по репрезентативните натпревари ќе гостува кај Хадерсфилд во Премиер лигата, а потоа ќе ја пречека Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите.

Scroll to Top