Top Sport

КК Задар: „Биг бејби“ Дејвис се обиде да не уценува

Глен „Биг бејби“ Дејвис, НБА шампион со Бостон Селтикс, нема да го облече дресот на Задар. Дејвис потпиша договор до крајот на сезоната со Задар, а истиот е раскинат и пред силниот центар да слета на хрватскиот брег.

Откако Дејвис на социјалните мрежи навел дека тренерот не покажал почит кон него, клубот се огласи со соопштение во кое ги наведува причините поради кои е раскинат договорот.

„Сакам да и се извинам на публиката која дојде да го види Дејвис. Проблемите започнаа во петокот кога ми се јави и ми кажа дека има некаков вирус, дека е нервозен, дека е носталгичен. Потоа ми кажа дека целата ситуација не ја сватил толку сериозно, како на пример да тренира два пати во денот, па потоа сите тие патувања…Сакавме да му понудиме повеќе пари, секако во рамките на нашиот буџет. Потоа тој излезе со поинакви барања, сакаше да бира не кои натпревари ќе игра, кога ќе тренира…Не можевме да прифатиме тој да не уценува“, пишува спортскиот директор на Задар, Бранимир Лонгин.

Дејвис во кариерата играл во Бостон, Орландо и ЛА Клиперс, меѓутоа без професионален ангажман е од 2015 година.

Scroll to Top