Top Sport

Клоп најде лев бек?

Од моментот кога седна на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп најмногу проблеми има на левата бековска позиција. Алберто Морено не е тој калибар кои може да одговори на барања на Клоп, а иако минатата сезона играше добро на оваа позиција Џејмс Милнер сепак е во години и е играч од средниот ред.

Во летниот преоден рок на „Енфилд“ пристигна Ерик Робертсон од Хал, но и тој не е иделано решение за таа позиција.

Според англиските медиуми Клоп во јануарскиот преоден рок го сака во тимот Емерсон Палмиери од Рома. Бразилецот лани имаше проблеми со повредите, а оваа сезона не игра многу бидејќи конкурентот на таа позиција Александар Коларов игра во добра форма.

Според Англичаните Рома е подготвена да го продаде Палмиери, но не за сума помала од 25 милиони евра.

Scroll to Top