Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп не е загрижен по поразот од Атлетико во Мадрид (1:0), бидејќи за пласман во четврт-финалето во Лигата на шампионите тимовите ќе одиграат и реванш.
„Ова не требаше да се случи, но се случи. Очекувавме ваква борба и ваква атмосфера. Искрено ми се допаднаа неколку сегменти во нашата игра. Имам гол негатива, а реваншот ќе го играме на нашиот стадион, што е целосно различно од ова овде. Тие играа исклучително добро во одбраната. Сакаа ваков резултат, иако ќе им одговараше и 0:0“, рекол Клоп.
Атлетико го победи Ливерпул со голот на Саул постигнат во четвртата минута.
„Најтешка работа во животот на еден фудбалер е да игра против Атлетико. Тое е добро организирана машина за постигнување на добри резултати. Многу миниа велат дека ситуацијата кај нив годинава не е иста како претходно, но ова е период на транзиција и тоа е нормално. Тие и понатаму се борат со се што имаат и не в даваат многу шанси за напад. Многу е тешко“, заклучил Клоп.
Реванш натпреварот на „Енфилд“ ќе се одигра на 11 април.