Top Sport

Клоп наредил да му го донесат Дракслер (Видео)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја составил листата на потенцијални засилувања во летниот преоден рок. Прво име на таа листа е неговиот сонародник од ПСЖ, Јулијан Дракслер.

Клоп бара замена за Фелипе Кутињо кој во јануари за 160 милиони евра се пресели во Барселона. Според него идеално решение за таа позиција е Дракслер, кој во ПСЖ не доби вистинска шанса.

Интерес за Дракслер покажува и Арсенал, што значи дека германскиот репрезентативец во летниот преоден рок ќе се пресели во Англија, прашање е само кој од наведените два тима ќе испрати побогата понуда за неговите услуги.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');