Јирген Клоп вели дека пред трансферот во Ливерпул имал голема задача да го совлада англискиот јазик, за што му помогнало гледањето на серијата „Пријатели“, популарниот ситком за групата млади луѓе во Њујорк.
Фудбалскиот стручњак вели дека компликуваните дијалози во играните филмови не ги прават прикладни за учење на јазикот.
„Искрено, гледав ’Пријатели’ бидејќи лесно се разбира. Се обидуваш да гледаш филмови, но таму зборуваат поинаков дијалект и некогаш не ги изговараат добро зборовите. Најлесно за Германец е да гледа ’Пријатели’. Таму има лесни дијалози и можеш лесно да ги препознаеш зборовите“, вели Клоп во интервју за „Би-би-си“.
Тој сепак, не можеше да се идентификува со машките ликови во серијата, иако е најблизок до Џои (Мет Лебланк).
„Повеќе ми се допаѓаат девојките во серијата. Џои? За жал, малку сум поумен од таа улога, а исто така никогаш не бев толку успешен во зборувањето со девојките“, вели Клоп.