Top Sport

Клишина: Му се восхитувам на Роналдо

Една од најзгодните атлетичарки на светот, руската натпреварувачка во скок во далечина, Дарја Клишина вели дека му се восхитува на Кристијано Роналдо и додаде дека не пропушта ниту една негова објава на Инстаграм.

„Се работи за голем спортист и навистина ми беше пријатно кога тој ми стана приајтел на Инстаграм. Неговите тренинзи навистина се импресивни иако јас не сум фудбалерка. Можам да научам многу од него“, вели Клишина.

28-годишната Клишина беше единствената руска атлетичарка на која и беше дозволен настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, откако ИААФ го суспендираше целиот руски тим поради тоа што тренираше во САД и работеше со нивната анти-допинг програма. Таа исто така настапи на СП во Лондон во 2017 под неутрално знаме и го освои сребрениот медал со скок од 7.00 метри, само два сантиметри помалку од шампионката Бритни Рис.

И покрај тоа што уште не размислува за пензија, Клишина вели дека знае што ќе биде следно.

„Сигурно нема да работам во некоја канцеларија. Можеби ќе се одлучам за маркетинг, бидејќи завршив таков факултет“, вели Клишина.

Scroll to Top