Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека не постои причина клубовите да бидат казнети поради учество во Суперлигата. Дури 6 премиерлигаши учествуваа во формирањето на лигата, која требаше да е независна од УЕФА.
По притисок на јавноста, но и поради заканите на ФИФА и УЕФА, тимовите од ПЛ први се повлекоа, само 48 часа по официјалното соопштение за формирање на Суперлигата.
„Не гледам причина за казна на клубовите, ништо не се случи. Ситуацијата е иста како и порано, но ако некој сака да не казни, јас не можам да влијаам на тоа“ вели Клоп.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин најави дека сите ќе сносат одговорност за своите постапки.