Јирген Клоп, на прес конференцијата пред утрешниот натпревар со Њукасл, рекол дека е задоволен што пропадна проектот со Суперлигата и дека не е задоволен од новиот формат на Лигата на шампионите, кој УЕФА го презентираше во понеделникот.
Лигата на шампиони, во новиот формат, со 36 екипи, треба да започне од сезоната 2024/2025.
Новата Лига на шампиони ќе се игра според швајцарскиот систем, секој клуб ќе одигра по 10 натпревари, а потоа ќе следува нокаут фазата.
„Не можете само да додавате нови натпреварувања. Добро е што ја нема Суперлигата, но ниту новата ЛШ не е сјајна. УЕФА ми ја покажа идејата и јас велам дека не ми се допаѓа. Ќе имаме 10 натпревари, наместо досегашните шест. Не знам каде ќе ги вметнат“, рекол Клоп.