Јирген Клоп му оддаде почест на „еден од најголемите фудбалери на Ливерпул“, Садио Мане, по неговиот трансфер во Баерн Минхен, признавајќи дека не мое да се лаже дека тоа не е голема загуба за неговиот тим.
Сенегалецот беше дел од „пеколната“ напаѓачка тројка на „Енфилд“, освојувајќи титула од Лигата на шампионите и од Премиерлигата при шестгодишен престој во Ливерпул и Клоп признава дека ќе му недостасува.
„Ова е голем момент. Нема поента да се преправаме дека не е така. Еден од најголемите фудбалери на Ливерпул во историјата си заминува и тоа е значајно за нас. Си заминува со наша благодарност и со наша љубов. Со осигуран статус меѓу најголемите. И си заминува во момент кога е еден од најдобрите фудбалери на светот. Нашата загуба е добивка за Баерн. Му посакувам само успех во сите мечеви во кариерата, освен тие против нас. Неговата ѕвезда ќе расте, тоа е сигурно“, вели Клоп.