Top Sport

Се врати Биг Софо (Видео)

Софоклис Скорцанитис по пауза од 20 месеци се врати на кошаркарските терени. Гркот кој е роден во Камерун го одигра првиот натпревар за Трикала.

Освојувачот на Евролигата со Макаби, настапи на натпреварот против Ретимно, кој неговиот клуб го загуби по едно продолжение (76:86).

Центарот чии прекар е „Биг Софо“, со својот изглед ги шокираше присутните во салата кога влезе во игра. Поради долгата пауза тој има многу повеќе килограми, нешто со што се бори низ целата своја кариера.

Скорцанитис за девет минути игра забележал шест поени и еден скока.

32-годишниот кошаркар во кариерата настапувал за Панатинаикос, Олимпијакос, Црвена звезда…

Со репрезентацијата на Грција има сребро од светското првенство во 2006 година и бронза од европскиот шампионат во 2009 година.

Scroll to Top