Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека му се допаѓале и Интер и Милан и дека не сака да прави прогноза кој ќе стане шампион во Италија, додавајќи дека „кога ќе добиеш клуб од Серија А во ждрепка, не отвараш шампањско“.
Ливерпул влегоа во четврт-финалето на ЛШ по вчерашниот 0:1 пораз од Интер дома, откако победија со 2:0 во Милано. „Црвените“ веќе играа со Милан во групната фаза и Клоп ги споредуваше тимовите.
„Двата тима беа навистина добри. Со различни поставки. Навистина ми се допаѓа проектот на Милан со мешавина на искусни и млади фудбалери. Ми се допадна нивниот пристап на играта и стилот на игра. Во Интер е поинаку, тие имаат поискусен тим, и навистина е тешко да се игра човек-на-човек. Двата тима беа одлични и ако некој сака да зборува за квалитетот на италијанскиот фудбал, не играл против најдобрите 4-5. Дури и Аталанта играа фантастично тука против нас, исто како и Наполи. Кога ќе добиеш италијански тим во ждрепката не почнуваш да славиш. Си помислувам: ‘Боже, тешка работа’. Кој е фаворит за титулата? Не сакам да си направам проблеми. Ми се допаѓаа Милан, а не треба да заборавиме и на Јуве и аполи. Немам поим кој ќе стане шампион. Да станеш шампион мораш да имаш квалитет, а сите овие тимови имаат, но и среќа со повредите. Ги следам, но немам поим кој ќе победи“, вели Клоп.