Top Sport

Клоп негира дека е кандидат за тренер на Реал

Легендарниот германски стручњак Јирген Клоп повторно мораше да одговори на гласините за неговото преземање на Реал Мадрид.

Откако Чаби Алонсо беше отпуштен, германските медиуми во неколку наврати истакнуваа дека Клоп е фасциниран од големината на Реал Мадрид и дека тоа е единствениот клуб по Ливерпул што не може да одбие.

Сепак, Клоп ги негира овие наводи, иако не може да гарантира дека нема да се предомисли во иднина.

„Дали сум возбуден затоа што Реал Мадрид е заинтересиран за мене? Не, затоа што тие навистина не покажаа интерес, тоа е само медиумски „хајп“. Јас сум доследен и нема да го сменам мислењето преку ноќ. Секако, никогаш не можам ништо да гарантирам и целосно да го отфрлам, но имам 58 години и сум среќен таму каде што сум“, рече Клоп, кој го води фудбалскиот проект на Ред Бул..

Многумина веруваат дека Флорентино Перез ќе продолжи да врши притисок врз Јирген Клоп во наредните месеци и дека Германецот е апсолутен приоритет по неуспешниот експеримент со Чаби Алонсо.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');