Иако Ливерпул следната сезона ќе биде „ловениот“, наместо ловецот, Јирген Клоп вели дека „црвените“ нема да ја бранат титулата од Премиер лигата, туку ќе напаѓаат за следната.
Манчестер сити станаа првиот тим од Премиер лигата кој успешно ја одбранил титулата по една деценија минатата сезона, со што се докажува конкурентноста во англиската прва лига. Манчестер сити утре ќе им оддадат почит на Ливерпул кога ќе се сретнат двата тима на „Етихад“ и Клоп верува дека Сити, заедно со Манчестер јунајтед и Челси ќе бидат силни ривали во 2020/21.
„Нема да ја браниме титулата следната сезона, туку ќе нападнеме кон следната. Мислам дека сме во средината на нешто, а не на крајот. Кога ќе ги завршиме кариерите, тогаш ќе биде крај на овој период. Кога мислиш дека си стигнал на врвот, тоа значи дека можеш само надолу и не чувствувам дека е така. Не се чувствуваме задоволени, туку ова беше само еден чекор, иако огромен, но не и единствената работа за која сакам да разговарам кога ќе се сретнеме за 20-тина години“, вели Клоп.