Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп има фанови кои апсолутно го обожуваат и критичари кои сметаат дека претерува, но сите би требало навистина да го ценат неговото однесување за време на вчерашното дерби со Челси, кое го добија со 2:0.
Германскиот тренер уште еднаш го покажа својот презир кон неспортското однесување, откако искара членови на неовиот тим кои аплаудираа по црвениот картон кој го доби дефанзивецот на Челси, Андерас Кристенсен. По ВАР интервенцијата, жолтиот беше преименуван во црвен по остриот старт над Садио Мане и Клоп се налути кога некој на клупата аплаудираше на одлуката.
„Дали си луд? Никогаш не го правиме тоа, океј?“, се слушна како вика Клоп.
— vidfooty (@vidfooty1) September 20, 2020
По мечот, тој го повтори своето мислење.
„Не беше некој од фудбалерите, туку некој член на мојот тим и веќе му кажав што мислам. Во моментот не сакав да видам таква реакција. Дали ќе победевме ако Челси имаа 11 играчи? Навистина не знам“, вели Клоп.